Државната ЕСМ, која пред две години ја презеде топловодната мрежа од приватната „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), бара зголемување на цената на парното во Скопје.
ЕСМ Дистрибуција на топлина, на 18 декевмри до Регулаторната комисија за енергетија (ПКЕ) доставила барање за корегирање на цените поради зголемените трошоци за гас.
„Со поднесеното Барање, Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија за 2024 година. Со поднесеното барање Друштвото бара зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92 проценти“, стои во барањето на ЕСМ.
Се очекува Регулаторната комисија до крајот на оваа недела или почетокот на наредната да закаже седница на која ќе се разгледа барањето на ЕСМ и ќе се донесе одлука за нова цена.
Во Скопје на системот за парно греење се приклучени 63.000 домаќинства. Од нив, најмногу 58.000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1.900 на железарското парно и 400 домаќинства на Топлификација Север.