Тиктокер Џенис Ричард од Канада објави видео во кое ги откри сите угостителски тајни, кои ги научила работејќи со години во хотел. Видеото за кратко време стана вистински хит на социјалните мрежи предизвикувајќи шок и неверување.
Таа исто така истакнува дека не треба да одите боси по тепих, бидејќи иако редовно се чисти со правосмукалка, ретко се чисти длабоко. Сепак, таа опиша и некои позитивни аспекти од престојот во хотелот.
„Ако имаме бесплатни соби, можеме да ве наградиме со апартман или да ви дадеме подобра соба без надомест. Некои хотели имаат политика „100% задоволство“, што значи дека ако нешто не ви се допаѓа, кажете му на менаџерот и веднаш ќе го замени“, вели таа на видеото.
Нејзиниот последен совет е за појадокот и дека можете да побарате од персоналот да ви подготви спакуван оброк, кој можете да го понесете со себе, доколку не стигнете на време до појадок.
Ова видео предизвика реакции и кај други собарки, кои тврдеа дека покривките често се мијат во нивните хотели, но и дека знаат ресторани и хотели каде тоа не е така.