Во април Кина има намера да го организира првиот светски полумаратон на кој ќе се натпреваруваат луѓе и хуманоидни роботи.
Хуманоидните роботи, развиени од компании ширум светот, ќе бидат на улиците покрај 12.000 човечки тркачи. Тие оваа година првпат ќе ја истрчаат целата должина на трката. Оваа необична трка е дел од амбициозните напори на Кина да ја направи земјата глобален лидер во вештачката интелигенција и роботиката. Хуманоидни роботи и луѓе ќе учествуваат во трка долга 21 километар, а најдобрите 3 учесници ќе добијат награди.
На полумаратонот ќе учествуваат компании, истражувачки институти, клубови за роботика и универзитети од целиот свет, кои развиваат хуманоидни роботи. Клучниот услов е роботите да личат на луѓе и да бидат опремени со механичка структура што ќе им овозможи да вршат движења како што се одење или трчање на две нозе, така што верзиите со тркала се исклучени. Исто така, роботите мора да бидат високи помеѓу 0,5 и 2 метри. Учеството е дозволено за далечински управувани и целосно автономни хуманоидни роботи, а дозволена е и замена на батеријата за време на трката.
Кина ги гледа хуманоидните роботи како стратешки сектор за нејзиниот економски раст и технолошка независност. Покрај тоа, хуманоидните роботи се појавуваат како решение за стареењето на населението во Кина и намалувањето на работната сила. Минатата година беа користени роботи во производниот погон на компанијата BYD, која меѓу другото произведува и електрични автомобили.
Исто така, Кина се повеќе се потпира на роботите за да обезбеди поддршка за старите лица, вклучувајќи грижа, емоционална поддршка, следење на здравјето и помош во домаќинството за постарите лица.
Кинеската роботска индустрија би можела да достигне вредност од 54,6 милијарди долари до 2030 година.