Ал Акса, што значи „најдалеку“ или „врховна“ на арапски, е џамија која се наоѓа во срцето на стариот град Кудс (Ерусалим). Муслиманите од сите групи многу ја почитуваат, и вреднуваат по двете главни свети места – Мека и Медина.
Ал Акса се споменува неколку пати во Куранот. На пример, стихот (ајет) 17:1 во поглавјето (сура) Ал Исра гласи: „Нека е фален Оној кој во еден миг од ноќта го пренел Својот роб од чесниот Храм (Мека) во Храмот далечен (Кудс) чија околија ја благословивме за да му покажеме некои Наши знаци. Навистина, Тој е, Слуша и Гледа“.
Стихот е поврзан со ноќното патување на божјиот пратеник Мухамед од Медина до Месџид Ал Акса во Кудс, каде што тој извршил молитви пред небесниот коњ да го однесе низ вселената за да се сретне со Божественото.
Според исламските извори, средбата на пратеникот Мухамед со Божественото се случила надвор од научното поимање на времето и просторот. На чудесен начин бил пренесен од Месџид Ал Харем во Мека во Месџид Ал Акса во Кудс, од каде што се вознел на небесата.
Вознесението на божјиот пратеник Мухамед се случило во време кога тој се соочувал со силни тешкотии и напади од неговото племе и семејство. Тој и неговите придружници постојано биле исмејувани, понижувани и угнетувани затоа што се придржувале до Божјата порака.
Многуте стихови од Куранот и хадисите (зборови на божјиот пратеник Мухамед) се однесуваат на различни аспекти и карактеристики на џамијата Ал Акса.
Куранот спомнува само две џамии по име, Месџид Ал Харем во Мека и Месџид Ал Акса во Кудс. Ал Харем, околината на светата Ќаба, ја опишува како место каде што муслиманите од целиот свет се собираат, се молат и кружат околу Божјиот дом. Слично на тоа, Куранот исто така ја опишува џамијата Ал Акса како центар на Бејт ал Макдис, што значи „Света земја“ и „земја на Барака“ или земја на спасението и мирот.
Во Куранот, Ал Акса и околината се опишани како „благословени“. Според исламскиот светоглед, терминот „благословена земја“ значи територија на која Бог дал физички и духовни благодати кои може да ги ползува целото создание.
Земја на божјите пратеници
Речиси сите божји пратеници, вклучувајќи ги и оние кои се родени на друго место, живееле во Светата земја или биле посебно врзани со неа, што ја прави Ал Акса многу значајна во очите на муслиманите.
Божјиот пратеник Мухамед, исто така, ја објаснил важноста на Ал Акса во однос на претходните аврамски религии.
„Кога божјиот пратеник Сулејман ја заврши изградбата на Бејт ал Макдис, тој побара од Господ три работи: суд кој е во склад со Неговиот суд, владеење што никој по него нема да го има и никој да не доаѓа во оваа џамија со намера да се моли таму без да излезе безгрешен како денот кога мајка му го родила“, се вели во хадисот (цитат) на божјиот пратеник.
„Две молитви беа исполнети, а се надевам дека и третата беше исполнета“.
Божјите пратеници на синовите на Израел несомнено се вклучени кога муслиманите ја нарекуваат Светата земја како „земја на божјите пратеници“ и според исламот, тие формираат континуитет во линијата на пророштвото што завршува со пратеникот Мухамед.
Друг пример на божји пратеник кој имал посебен однос со Светата земја и Кудс, особено, е пратеникот Аврам. Откако ги уништил идолите на својот народ во древниот Вавилон, морал да го напушти градот. Тој на крајот пристигнува во Палестина. Во Куранот се споменува неговиот нов дом во Светата земја.
„Но, ние го избавивме него и неговиот внук Лут и ги упативме во земјата што ја благословивме за народите. (Ал Анбија, 21:71)
Чудесното ноќно патување на божјиот пратеник
Фактот дека Ал Акса е единствената позната локација на земјата каде што сите божји пратеници се респектирани во исто време, предводени од последниот божји пратеник Мухамед, му дава дополнително значење. Секој божји пратеник бил присутен во Ал Акса во оваа конкретна ноќ, исто така, го покажува инклузивниот аспект на исламот, што Куранот го потврдува:
„Кажете, верници: „Ние веруваме во Алах и во она што ни е откриено; во она што му беше откриено на Ибрахим, Исмаил, Исхак, Јакуб и нивните потомци; во она што им беше дарено на Муса и на Иса; и во она што им беше дадено на пратениците од нивниот Господар; Ние не правиме никаква разлика меѓу ниту еден од нив…“ (Ел Бекаре, 2:136).
Првата Кибла за муслиманите
Куранот, исто така, зборува за џамијата Ал Акса како прва Кибла – точка на насока за молитва – како и за нејзината централна улога во настаните што треба да се случат пред судниот ден.
Божјиот пратеник Мухамед и неговите придружници во почетните денови на исламот се молеа во правец на Ал Акса. Неколку хадиси велат дека во средината на неговите молитви дошла божествена заповед, барајќи од него да го сврти лицето кон Ќаба. Тој беше последниот божји пратеник кој бил свртен и кон Месџид Ал Акса и кон Ќаба во една молитва.
Божјиот пратеник Мухамед често ги охрабрувал своите сограѓани муслимани да направат посебно патување за да ја посетат Ал Акса, нагласувајќи дека една молитва на местото е еквивалентна на петстотини молитви.
„Не треба да преземате посебно патување за да посетите кое било друго место освен следните три џамии со очекување да добиете поголема награда: светата џамија на Мека (Ќаба), мојот месџид (Џамијата на божјиот пратеник во Медина) и Месџид Ал Акса (Кудс),“ се вели во цитатот на божјиот пратеник, а пренесува ТРТ Балкан.
Во очи на овие настани, Ал Акса е повеќе од само парче земја за муслиманите ширум светот. За муслиманите, секој напад на Израел врз светилиштето се смета за напад врз исламот.