Џанан Муса, новиот кошаркар на Дубаи, а неодамна и на Реал Мадрид, се венча во Сараево. Убавицата Амина Смајиќ е неговата избраничка , а според „Кликс“, шеријатската венчавка ја водел реисул-улемата на Исламската заедница во Босна и Херцеговина Хусеин Кавазовиќ, кој добил и дрес на Реал Мадрид како подарок.
Подоцна вечерта, пред матичарот во хотелот „Хилс“ во Сараево се одржа венчавка, на која присуствуваа околу 350 луѓе, а пееја Енес Беговиќ и Слаѓана Мандиќ. Нумерата за првиот танц ја отпеа Фатмир Сулејмани, голем пријател на кошаркарот. Песната што се користеше беше „Forever Like This“ од Дин Мерлин.
Гости на свадбата беа Халид Бешлиќ, Амел Ќурчиќ, голем број кошаркари од Реал Мадрид и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, како и неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ, заедно со неговата ќерка Маша.
Режисерот на Босна и Херцеговина, Харис Дубица, на Инстаграм сподели снимка од веселбата на венчавката на Џанан Муса и Амина Смајиќ, а го сними и моментот кога Џанан Муса го зема микрофонот и пее.
Џанан го отпеа хитот на Халид Бешлиќ „Еј, зори, не зори“, а како награда доби банкнота на челото. Видеото можете да го видите тука .
Муса е и член на репрезентацијата на БиХ, а следната година повторно ќе го видиме на терените на сè посилната АБА лига.