Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск го обвини премиерот на Канада, Џастин Трудо, дека се обидува да ја уништи слободата на говорот во неговата земја поради стапувањето во сила на новите прописи поврзани со он-лајн платформите кои обезбедуваат услуги за стриминг и подкаст.
„Џастин Трудо се обидува да ја уништи слободата на говорот во Канада. Срамно“, напиша Илон Маск на социјалната мрежа Х (Твитер), коментирајќи ги постапките на канадските власти.
Кон крајот на септември, канадската комисија за радиодифузија и телекомуникации (CRTC) објави нови правила за стриминг и подкаст услуги, барајќи он-лајн платформите кои генерираат повеќе од 10 милиони канадски долари (7,4 милиони американски долари) годишен приход да се регистрираат во земјата до 28. ноември 2023 година.
Во образложението на регулативата се наведува дека условите за регистрација се однесуваат на социјалните мрежи и другите он-лајн услуги, пренесуваат медиумите.