Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери во интервју за Собранискиот канал вели дека од првиот ден од првиот мандат бил свесен дека еден ден ќе мора да се откаже од истата функција.
Џафери рече дека како резултат на тоа е посветен на извршување на должноста за која е избран.
„Видете, секако кога човек ќе дојде во ситуација да преземе некоја од задачите, конкретно како претседател на Собранието, а и како пратеник, воопшто како мандатар што носи нечиј мандат, мора да биде свесен дека од првиот ден почнува одбројувањето. И за себе си одбројав, дека еден ден ќе дојде ден кога нема да бидам на функција ,
„Во овој контекст, тоа значи дека од првиот ден, во 2017 година, бев свесен дека се работи за мандат и дека „Денот Д“ ќе биде пред нас и треба да се сфати како прифатлив и во овој контекст, посветеноста е реализација на идејата за тоа што сте избран и именуван на таа функција“, нагласи Џафери.
„Само што ја поднесов оставката од позицијата претседател на Собранието. Со чувство на гордост и исполнетост зашто во двата мандати бев претседател на сите пратеници и граѓани; работев одговорно, професионално, независно и отчетно пред Вас. Така и ќе продолжам во следниот предизвик“, порача Џафери.
Џафери рече дека еден од најголемите предизвици во 7-годишниот период како претседател на Собранието бил 27 април 2017 година и периодот по него.
„На почетокот на мандатот, првиот предизвик беше надминување на состојбите по настаните од 27 април, каде меѓучовечките односи беа всушност на спротивни позиции, така што на лична основа никој не комуницираше со никого, додека функционирањето на Собранието беше неотуѓиво да продолжи да работи, а како предизвик тоа бараше човекот да се стави меѓу страните и да се потруди да ги зближи. И мислам дека на релевантен начин го имам, се снајдовме“, рече меѓу другото Џафери.
Инаку, денеска, покрај Џафери, оставка поднесе и премиерот Димитар Ковачевски, додека сега тече процедурата за формирање на техничката Влада со која се очекува на предлог на ДУИ да претседава Талат Џафери.