Актерката Џенифер Анистон во интервју за магазинот „InStyle“ ги разреши бројните сомнежи околу својот изглед. Нејзиниот „трик“ е повеќе од едноставен и потполно бесплатен, но сепак многумина не го применуваат.
„ Не се напрегам толку многу за време на вежбањето бидејќи тоа може да предизвика повреди, особено кога вашето тело и мозок не се целосно одморени. Само се трудам да дадам се од себе и да мислам на сè што е можно за да обезбедам добар сон. Спиењето е неверојатно, прекрасно е“ , рече актерката и нагласи:
„Човече, дали го земав тоа здраво за готово кога бев помлада? Кога си помлад, некако го земаш здраво за готово. Мислиш дека можеш да спиеш со три до пет часа и да се чувствуваш одлично, а потоа, едноставно не се чувствуваш толку одлично и не можеш да дадеш се од себе, а треба да бидеш“ .
Џенифер Анистон се приклучи на програмата „Seize the Night & Day“ за да им помогне на оние кои имаат проблем со несоница. Таа откри дека од неа совет бара и актерката Рис Витерспун, нејзината пријателка и колешка од „The Morning Show“.
Таа претходно раскажа како се борела со несоницата:
„Моите предизвици со спиењето започнаа на многу млада возраст, така што тоа е голем приоритет за моето здравје.“ .