Џенифер Лопез во тесен розов комбинезон на тренингот во Формула 1: Позира со тимот на Ферари (фото)

Џенифер Лопез се појави на последниот тренинг пред квалификациите за Формула 1 трката во Саудиска Арабија, пристигнувајќи во тесен жешко розов костум со соодветни розови очила за сонце.

Комбинезонот што го носеше имитира униформа на Ф1 тркач, а парчето имаше преден и заден патент. Вклучуваше и потемно розев појас околу половината, кој се поврзуваше со сребрена кружна тока на предната страна.

Изгледот пејачката го спои со проѕирни сандали и сребрена клач чанта. Таа си ја врза косата во тесно опавче. Таа беше фотографирана со болидот на Ферари на Шарл Леклер и тимот.

„Додадов малку сјај во Формула 1“, напиша Џеј Ло покрај снимката од тренингот.

Нејзината фотографија беше споделена и на официјалната Фејсбук страница на Формула 1 со порака на која свиреа со текстот на нејзината песна „Waiting for tonight“: „Џеј Ло пристигна. Мислите дека вечерва ги чека квалификациите?“.

Пејачката, по посетата на тренингот пред квалификациите, настапи на настанот во Формула 1 кој го најави Големата награда на Саудиска Арабија подоцна во текот на денот.

Покрај пејачката настапија и Ашер и групата Мајор Лазер.