Совршен аутфит за секој ден со омиленото парче облека на Џенифер Лопез, но и обувки кои речиси никогаш не ги гледаме во оваа комбинација.
Латино дивата Џенифер Лопез , по предизвикувачкиот стајлинг и деколтето кое го украде целото внимание, на улиците на Беверли Хилс беше уловена многу расположена, а вниманието овој пат го привлече со модна комбинација.
Таа го носеше омиленото парче гардероба – светло сините фармерки, кои ги спои со тесно црно здолниште, а највпечатливото парче кое го подигна овој стајлинг на многу повисоко ниво е капут со леопард принт.
Овој моден „детаљ“ не може да остане незабележан, дури и ако под него се носат наједноставните комбинации, исто како што тоа го правеше Џеј Ло
Меѓу модните додатоци носеше незаменлив додаток без кој не може да живее, црни очила со дебели рамки, како и познатата чанта Birkin во црна боја.
И за крај, една работа која латино дивата вообичаено не ја практикува, но сега се осмели да ја направи, а која едвај ја гледаме на нашите улици бидејќи бара многу храброст – таканаречените „невидливи“ сандали од ПВЦ. во комбинација со капут, односно бунда.