Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез го најави својот нов албум, како и филм за нејзиниот живот.
По пауза од речиси 10 години, Џенифер ќе го издаде албумот „This is Me… Now“, а на Инстаграм напиша дека албумот ќе го промовира на 16 февруари 2024 година.
Таа исто така додаде дека истиот ден ќе биде прикажан и нејзиниот музички филм.
Во тизерот на албумот, Џенифер се гледа како пали рачно напишано писмо од 24 декември 2002 година, набргу по раскинувањето на свршувачката со Бен Афлек.
„Животот е тежок, но ти си сладок. Ви благодариме за подарокот. Се надевам дека ти се допаѓа цвеќето. Ми кажа дека никогаш не е доволно. Ти верувам“, се вели во писмото потпишано од Б.
Заедно со видеото од драматичното палење на писмото, се слуша како Лопез вели:
„Кога бев мала, кога ќе ме прашаа што сакам да бидам – одговорот беше секогаш вљубена.