Џенифер Лопез неодамна во едно интервју откри како доживеала скоро смртно искуство на снимањето на нејзиниот нов филм “Shotgun Wedding”.
Пејачката и актерка Џенифер Лопез го сподели своето застрашувачко искуство кое се случило на снимањето на нејзиниот нов филм “Shotgun Wedding” во Доминиканската Република.
На промоцијата на филмот, каде што гостуваше заедно со шесте нејзини колешки, таа објасни како можела да биде убиена кога за малку ќе паднела преку карпа поради фустанот кој се заглавил на тркало. Ко-ѕвездата Џош Духамел, кој глуми заедно со Лопез, дошол на помош и ја спасил.
“Отидов преку карпата. Гледам во Џош и го молев да не ме пушти. Тој рече дека ме има и ајде да одиме. За среќа, успеа да ме спаси. Беше страшно”, рекла Џенифер додека демонстрирајќи ја ситуацијата.
“Shotgun Wedding”, во која глумат и Соња Брага, Џенифер Кулиџ, Лени Кравиц, Чич Марин и Д’Арси Карден заедно со Лопез и Духамел, беше премиерно прикажан на Amazon Prime Video на 27 јануари.