Сите се изненадени што толку брзо донеле таква одлука.
Познатиот славен пар Џенифер Лопез и Бен Афлек дефинитивно се едни од омилените парови во светот на шоубизот.
И нивната приказна трае многу, многу долго. Се разбира, со прекини. По снимањето на филмот „Џигли“, пред нешто повеќе од две децении, во 2002 година, влегоа во својата прва романса .
Тие веднаш станаа тема број еден во сите таблоиди. Во тоа време, Џеј-Ло сè уште беше во брак со нејзиниот втор сопруг, Крис Џад.
Откако таа официјално се разведе, тие излегоа во јавноста со нивната врска и го добија прекарот „Бенифер“. Нивната романса траеше околу две години, по што раскинаа.
Тие во меѓувреме имаа други партнери, добија деца, а потоа сфатија дека повторно се сакаат во 2021 година.
За нивната гала венчавка и големата прослава минатата година пишуваше цел свет. И сега, само околу една година по венчавката, донесоа изненадувачка одлука.
Џенифер Лопез и Бен Афлек се подготвени да ги обноват своите свадбени завети ова лето со голема забава во нивната нова вила вредна 60 милиони долари.
Сите се изненадени од оваа одлука бидејќи не е вообичаено да се обновуваат заветите само една година по венчавката. Но, можеби сфатиле дека толку многу се сакаат, па планираат повторно да го кажат судбоносното ‘ДА’.
„Џен и Бен се позаљубени од било кога и оваа година од нивниот брак беше, со еден збор, спектакуларна. На сите нивни деца им оди одлично, семејствата се хармонични. И двајцата сакаат да ги обноват заветите и да покажат колку се вљубени еден во друг. Оваа втора шанса не ја земаат здраво за готово“, изјавил добор упатен извор за Daily Mail.
Истиот извор изјавил дека – „дуото ‘Бенифер‘ има намера да ја слави својата љубов во секое време, без разлика дали тоа им се допаѓа на луѓето или не, бидејќи конечно ја имаат врската што отсекогаш ја посакувале“.
Џенифер Лопез и Бен Афлек сè уште не ги коментирале овие вести.