ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И БЕН АФЛЕК ЗА ПРВ ПАТ ЗАЕДНО ВО ЈАВНОСТА ДОДЕКА СВЕТОТ ЗБОРУВА ДЕКА СЕ РАЗВЕДУВААТ: „Нивните изрази на лицето кажуваат се“ (ФОТО)

Сите светски медиуми на големо пишуваат за тоа дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат . Веќе некое време кружат гласини бидејќи неколку пати се видени во јавноста како се расправаат, а актерот на сите фотографии редовно изгледа по малку луто и нервозно.

Гласините продолжија и овој месец кога Џеј Ло се појави сама на Мет Гала . После тоа на уште неколку настани се појави без сопругот, а деновиве е зафатена со подготовките за претстојната турнеја.

Сега тие за прв пат се видени заедно во јавноста по речиси два месеци, поточно 47 дена. И двајцата имале намуртено лице додека разговарале на улица.

Џенифер била облечена во кошула и фармерки, а на нозете високи потпетици, додека во рацете држела букет сончоглед. Бен во карирана кошула, фармерки и тренерки, со свежо избричено лице.

Да потсетиме дека Бен и Џенифер се верија пред повеќе од 20 години, а потоа во ноември 2022 година потврдија дека се вериле по две децении разделба. И двајцата имаат деца со друг и изградиле семејства, но потоа сфатиле дека треба да бидат заедно.