Пејачката Џенифер Лопез во последните неколку месеци минува низ многу драма и се чини дека и’ нема крај. Освен што на бракот со Бен Афлек му дојде крајот, ниту нејзината кариера не цвета добро.
Имено, додека минуваше низ љубовен бродолом, пејачката мораше да ја прекине турнејата, а нејзините проекти на кои работеше неодамна доживеаја дебакл. Сега решила да си го земе животот во свои раце.
Атрактивната Џеј Ло се појави на премиера во Холивуд, а избра фустан кој го привлече вниманието на сите присутни. Имено, таа повторно заигра на секси картата, а како и досега во преден план ги стави своите облини.
Фустанот кој потсетува на оној што го носеа египетските божици уште еднаш ја направи Џенифер тема број еден, но во позитивен контекст.
Нејзиниот задник и извајаните чинии не оставија никого рамнодушен.