ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ СЕ КОЛНЕ ВО ПИЈАЛОК ЗА ПОБРЗ МЕТАБОЛИЗАМ: Го пие секое утро и тврди дека е одговорен за нејзината ТОП ЛИНИЈА

Со помош на ова смути загарантирана ви е витка линија.

Познатата пејачка Џенифер Лопез и на 52 години сè уште е модел и идол за многу помлади девојки по својот физички изглед и толку затегната кожа.

Таа тврди дека исхраната и е урамнотежена и дека не се откажала од ништо посебно, а една од најважните работи е што внесуваме во нашиот организам наутро.

На својот Инстаграм профил го објавила рецептот за пијалокот кој го пие секое утро.

Компоненти:

  • една шолја боровинки
  • една чаша малини
  • една чаша грчки јогурт
  • една топка ротеин со вкус на ванила (наместо тоа може да се користи малку екстракт од ванила)
  • една кафена лажичка цимет
  • две лажички мед
  • една лажица свежо исцеден сок од лимон
  • една или две чаши коцки мраз

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте. На крајот ќе добиете четири чаши од овој вкусен смути пијалок.

Боровинките се богати со витамини Ц и К, содржат манган и се полни со антиоксиданси. Додека малините содржат витамини Ц, Б, Е и К, кои ја зачувуваат виткоста и го намалуваат нивото на шеќер во крвта.