Џеф Безос и Лорен Санчез фотографирани на јахта: Разменуваат нежности на одмор во Хрватска (фото)

Пред нивната венчавка, која привлече големо внимание од јавноста, американскиот милијардер Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез престојуваат во Хрватска, каде што поминуваат време пред церемонијата.

Имено, двојката пристигна во Хрватска на почетокот на јуни, каде што уживаат во крстарење со луксузната јахта „Кору“ и придружниот брод „Абеона“, а нивната јахта е забележана во марината Каштела.

На 10 јуни, двојката го продолжила своето патување кон Хвар, каде што ја поминале ноќта закотвени во близина на Стари Град, а вечерта ја поминале во еден од ексклузивните ресторани на островот. Потоа се упатиле кон Корчула.

Тие не се криеја од погледот за време на патувањето – беа видени како разменуваат нежности на палубата, изгледајќи опуштено и заљубено.

Престојот на Џеф Безос и Лорен Санчез на Јадранското Море е дел од подготовките за нивната претстојна свадба, која привлекува голем интерес кај медиумите и јавност.

Имено, подготовките за овој спектакуларен настан се веќе во полн ек – сите луксузни хотели во областа на Венеција се резервирани однапред, а се очекува и пристигнување на бројни светски познати личности од светот на шоубизнисот. Меѓу гостите се имиња како што се Ева Лонгорија, Кети Пери, Орландо Блум, Опра Винфри, Гејл Кинг, Крис Џенер, Ким Кардашијан.