Се чини дека секој тргна по својот пат…
Веста дека поп-пејачката Џенифер Лопез и познатиот актер Бен Афлек се разведуваат по две години брак шокираше многумина – а можеби и беше очекувано…
Како што пишуваат странските медиуми, „проблеми во рајот“ за нив двајца започнале уште во февруари, а летната дива решила да стави точка на оваа врска на 26 април.
Таа поднесе официјални документи за развод пред само неколку дена во Врховниот суд на округот Лос Анџелес.
И додека разводот е во тек , се чини дека поранешните љубовници веќе имаат нови љубовни можности.
Веќе некое време се шпекулира дека Афлек е во врска со ќерката на политичарката Кетлин Кик Кенеди, додека Џеј Ло ја избира таа да биде озборувач – и тоа на Инстаграм.
Имено, латино дивата ја заинтригира љубопитната јавност со преписките во коментарите под нејзината фотографија на споменатата социјална мрежа, ни помалку ни повеќе туку со познатата НБА ѕвезда Џими Батлер, кој моментално настапува за „Мајами Хит“.
Ќе ме потресе доколку ми одговори на пораката“, напиша кошаркарот, а потоа пејачката во свој стил одговори – „Имаш ли прстен“.
Оваа „мала преписка“ беше доволна за да започне лавина шпекулации во јавноста дека најбараната поп-дива на денешницата веднаш нашла алтернатива за Бен Афлек.