Последната кампања која Ким Кардашијан ја дизајнираше за нејзиниот бренд SKIMS наиде на многу критики. Имено, на Тајмс Сквер била поставена огромна нејзина кукла на надување.
Коментарите на обожавателите кои веруваат дека за овој вид реклами нема место на јавните простори брзо следеа на социјалните мрежи.
„Ова е толку чудно“, „Има деца наоколу. Одвратно е“, „Ова е нереален приказ на женското тело“, „Кој одобри ова да биде поставено на Тајмс Сквер? Дали сте здрави”, се некои од коментарите на социјалните мрежи.
Ким ги сподели фотографиите на својот Инстаграм профил и напиша: „О Боже. Не можам да верувам дека мојата кукла од 60 метри во SKIMS Swim е среде Тајмс Сквер“.
За потсетување, извори неодамна открија дека таа коментирала дека Бјанка Ценсори позира гола. Мисли дека го копира.
“Бјанка секогаш се обидува да ја надмине Ким, која е многу свесна за тоа. Таа мисли дека тоа е смешно. Ким беше првата која се појави гола во јавноста. Тоа го прави повеќе од една деценија”, рекол извор за Дејли Меил.