Џиновскиот билборд ја смачка бензиската пумпа! Страшна сцена, најмалку 8 мртви, повеќе од 30 заробени под купиштата метал (ВИДЕО)

Најмалку осум лица загинаа кога силен ветер урна огромен билборд на бензинска пумпа во Мумбаи во понеделникот!

Локалните медиуми јавуваат дека повеќе од 60 лица се префрлени во болници, додека се стравува дека околу 30 лица сè уште се заробени под неколку тони дробено железо.

На вознемирувачката снимка може да се види билборд како паѓа на бензинска пумпа и автомобили на прометниот автопат во Пант Нагар.

– Билбордот падна врз автомобили, мотори, луѓе… Им помагавме на повредените да излезат – изјави очевидец за АНИ.

Медиумите јавуваат дека жителите на тој дел на Мумбај предупредија на опасноста од ваква голема градба.

– Пант Нагар се наоѓа на мочурливо земјиште и во минатото имало случаи на колапс на пат. Овде се поставува прашањето дали изведувачот кој поставил таква огромна градба направил доволно длабока основа. Многумина се пожалија на незаконитоста, но не е преземено ништо за уривање на објектот – според еден од локалните функционери.