Мухамед Кензи Алфаро има само 16 месеци, но има 28 килограми и носи пелени со големина ХХХЛ, пишува Дејли Мејл.
Просечното бебе на негова возраст тежи околу една третина од неговата тежина.
Во семејната куќа во Бандунг Регенси, Индонезија, неговата мајка Питриј се насмевнува додека обидува да го турне во исправена положба.
Кензи носи зелена маица со број 2 – која изгледа премала – додека детето конечно успева да застане на нозе за дел од секундата.
Јаде грицки и си игра со своите играчки додека неговото семејство се собира околу него обидувајќи се да се грижи за него.
Неговата мајка Питриј објаснува дека Кензи повеќе не може да се смести во неговата количка, а на родителите им е тешко да го подигнат за да се држи исправено.
Мајката вели дека Кензи понекогаш мора да ја носи облеката на неговиот татко.
Кензи имала 4,5 килограми при раѓање – што е многу, но обично не е причина за загриженост бидејќи повеќето бебиња ја имаат таа тежина при раѓањето.
Но, во изминатата година тој порасна до тој степен што му треба редовна медицинска нега и посети.
Неговите родители и лекарите сега ги чекаат резултатите од тестовите направени во болницата Хермина Бекаши.