Патниците на бродовите за крстарење тврдат дека виделе џиновска медуза со големи и дебели екстремитети кои излегуваат од длабочините на брегот на Антарктикот!
Три огромни проѕирни медузи, едни од најголемите безрбетници во длабокото море, претходно беа снимени од подморници во водите на Антарктикот во 2022 година на длабочина од 80 до 280 метри, иако тие обично претпочитаат длабочина од околу еден километар.
– Сè уште не е познато зошто биле забележани во релативно плитката вода околу Антарктикот – пишува порталот Live Science.
Должината на екстремитетите на медузата е десет метри, додека дијаметарот на нивното ѕвоно (труп) е еден метар.
– При секое гледање, изгледа дека медузите пливаат полека, нежно притискајќи ги нивните ѕвона за да се движат. Изгледа дека не покажуваат интерес да излезат на светлина. Тие не реагираа на никаков начин на нашето присуство – изјави истражувачот Даниел Мур.
Студијата, објавена во списанието Polar Research, опишува директни набљудувања на три различни медузи направени од подводни истражувачки возила на Антарктичкиот Полуостров.
Мур верува дека медузите можат да допливаат поблиску до површината на океанот за да се ослободат од паразитите со ултравиолетово зрачење, а според друга верзија, надојдените струи на длабоки води кои обезбедуваат хранливи материи би ги оддалечиле од таканаречените амбисални зони.
Џиновската медуза Stygiomedusa gigantea живее во сите океани освен на Арктикот.