Актерката Џоан Колинс неодамна откри како таа и другите актери биле изгладнети на снимањето на култната серија „Династија“.
Легендарната актерка неодамна проговори за својата долга кариера и улогата која ја прослави. Таа ја играше Алексис Карингтон Колби во американската серија, која започна да се емитува во 1981 година.
„Не ни беше дозволено да јадеме ништо помеѓу оброците. Тие ги имаа сите тие пецива и закуски што можеше да ги јаде само екипата на серијата, но на нас актерите ни рекоа: „Не, не, не, само стапчиња од морков“. Изгледавме како инсекти “, рече 90-годишната актерка.
За време на панелот на кој присуствуваше, Колинс носеше јакна од шоуто, велејќи дека тоа е единственото нешто што го чува од снимањето. Претходно таа откри дека еден од нејзините најголеми обожаватели бил Доналд Трамп, кој ја инспирирал за време на снимањето на серијата. Но, тогаш тој не беше политичар туку бизнисмен.
Иако има 90 години, Колинс претходно изјави дека е многу витална и ентузијастичка. Претходно беше мета на критики поради бракот со 32 години помладиот Перси Гибсон, кој воедно и е петти сопруг. Сепак, таа истакна дека тоа не им е проблем и дека љубовта секој може да ја најде во која било фаза од животот.