За убиството на Вања и Панче денеска во судницата на Кривичниот суд сведочеше Ѓорѓи Џолев, член на политичката партија „Десна“ и претседател на Централниот комитет на партијата.
Тој рече дека го известил Палчо дека бил повикан во полициска станица од одделението за крвни деликти и му кажал дека бил повикан поради возилото „рено кангу“ кое претходно и’ го дал на странката.
„Го информирав Палчо преку Телеграм дека сум повикан во полиција. Му кажав дека сум повикана и за крвни деликти во врска со автомобилот Рено Кангу“, сведочеше Џолев.
Џолев додаде дека разговарал со Палчо преку Телеграм додека патувал во полициската станица.
„Во полициската станица ме прашаа дали сакаме да ја дестабилизираме државата. Ме прашаа за комуникацијата со Палчо и како комунициравме во партијата“, сведочеше Џолев.