Минатата година Џони Деп ги загрижи фановите со својот изглед, а најголемо внимание привлекоа неговите заби кои изгледаа како да се целосно скапани.
Актерот сега е снимен на одмор на Бахамите и изгледа целосно опуштено и расположено.
Тој се ракуваше со обожавателите во кафуле, па дури и застана зад шанкот и му помогна на келнерот да си ја подготви пијачката.
Деп на видеото се смееше неколку пати, а фановите во коментарите забележаа дека 61-годишниот актер си ги поправал забите.
„Мислам дека неговите заби изгледаат подобро од било кога“, „Забите конечно се исправени и бели“, „Дефинитивно ги среди забите. Изгледа подобро од кога било“, беа коментарите.
Потсетуваме, познатиот актер отсекогаш имал проблеми со оралната хигиена, што го потврдува и неговата изјава од 1995 година за магазинот Premie
“Имам еден куп шуплини. Имав коренски канал пред осум години и не е направено. Тоа е како мало скршено парче. Горд сум на своите заби”, рекол тогаш Деп.
Тој исто така објасни дека не сака луѓе со чисти бели заби. Тој изјавил дека и покрај лошите заби, не сакал да престане да пие црвено вино и да пуши цигари.