Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше најзаслужен за победата над Милвоки Бакс, а Денвер одигра одличен меч.
Колкаво влијание има двократниот МVP на НБА во соблекувалната нема потреба да се зборува, а една снимка од завршувањето на натпреварот стана вистински хит.
Имено, соиграчите на Никола сакаат да спроведуваат српски обичаи, па Деандре Џордан инсистирал трипати да го бакне Јокиќ, што е карактеристично за српскиот народ.
Дека тоа не е случајно се виде и на натпреварот со Хјустон кога така се поздравија Јокиќ и Бобан Марјановиќ, а потоа дојде Џордан и на ист начин го поздрави Србинот кој игра за Рокетс.