Џорџа Мелони и двајца министри под обвинение

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека таа и двајца нејзини министри биле пријавени во Меѓународниот кривичен суд за „соучество во геноцидот во Газа“.

Во интервју за државната телевизија РАИ, Мелони рече дека обвинети се министерот за одбрана Гвидо Крокото и министерот за надворешни работи Антонио Тајани , како и Роберто Чинголани , раководител на одбранбената група „Леонардо“.

Во Италија, протестите за Газа траат со месеци , а најголемите се одржаа на почетокот на овој месец, кога на улиците низ целата земја имаше два милиони луѓе.

Најголемиот италијански синдикат ЧГИЛ организираше штрајк како знак на поддршка на членовите на флотилата Сумуд и Италијанците кои се наоѓаа на бродовите пресретнати од израелската армија .

„Над 300.000 луѓе маршираа низ улиците на главниот град. Според досегашните податоци, просечното национално учество во генералниот штрајк е околу 60 проценти. Работниците, граѓаните и студентите ја изразија својата поддршка за Глобалната флотила Сумуд и солидарност со уапсените активисти, повикувајќи на мир и реафирмација на меѓународното право“, изјавија тие.