Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска со свечена церемонија пред Палатата Србија ја пречека италијанската премиерк Цорџ Мелони, која е во прва официјална посета на Србија.
Мелони и’ се обрати на јавноста по тет-а-тет средбата со претседателот Вучиќ.
– Вучиќ беше извонреден домаќин, сè што доживеавме овде беше исклучително убаво и за тоа сум му благодарна. Ова е моја прва посета на Србија. Нашите односи можат да бидат уште подобри и да се развиваат уште повеќе. Веќе имав можност да се сретнам со претседателот Вучиќ, но долго време сметавме дека таква посета требаше да се случи. Италија и Србија, пред сè во последниот период, уште повеќе ги развија билатералните односи, имаше бизнис форум, исто така се подобри и интензивираше дијалогот меѓу нашите влади, нашата трговска размена, која е исклучително успешна, сигурна сум дека може да биде уште поголема. Италија има многу бизниси и компании во Србија, може да има повеќе инвестиции и работни места.
Белград е првиот град во светот каде италијанските компании, кои се многу важни, отворија свои канцеларии и погони. Ова покажува колку внимание имаме и колку внимание нашиот претприемачки свет гледа кон Србија.
– Овде е важна работата што ја инвестираат владата и претседателот Вучиќ и што постигнуваат големи резултати на полето на економијата, резултатите се исклучителни, го зголемува интересот на италијанските компании кои сакаат да дојдат овде. Денес има многу предизвици, како што се големи кризи, тоа се предизвици кои даваат некои нови можности.
– Навистина сум многу задоволна што постои можност, да имаме лидери кои разбираат колку е важно нашите односи да се подобрат поради економијата. Нашите односи го покажуваат стратешкото значење што Србија го има за Италија и затоа ќе бидеме во првите редови меѓу земјите кои се залагаат за проширување и обединување на Европа. Европа не е клуб за кој некој треба да одлучува кој ќе биде таму, а кој не. Многу е важно да се случи повторно обединување на цела Европа, кога ќе го погледнеме сценариото во целиот свет.