Џорџ Клуни неодамна изјави за Entertainment Tonight дека „нема таква дрога во светот за да го натера повторно да го игра Бетмен“. Како што изјави, тоа била една од најголемите грешки во неговата кариера.
Клуни во подкастот на Awards Chatter призна дека филмот „Бетмен и Робин“ не е добар. Џорџ го нарече филмот неуспех на 2019 година и рече дека му одржал лекција.
„Морав повторно да размислам како работам. Јас не бев само актер кој доби улога во филмот, јас бев одговорен за филмот“, рече Клуни.
Бен Афлек ја презеде улогата од Џорџ, а Клуни претходно му порача да не оди по неговите стапки.
„Всушност разговарав со него за тоа. Му реков: Немој да го правиш тоа! Ова ти го кажувам од лично искуство“, му рекол Клуни на Хауард Стерн во 2020 година.
Сепак, Џорџ рече дека мисли дека Афлек завршил добра работа.
Роберт Патинсон е последниот актер кој го глуми Бетмен во филмот „Бетмен“ со Зое Кравиќ во улогата на Жена-мачка, пишува Index.hr.