Клуни откри детали од врската со седумгодишниот син Александар за време на гостувањето во „The Late Show“ со Стивен Колбер.
Тој изјави дека го учи својот син како да се справи со поразот и дека тоа е правило според кое живее.
“Имам син кој сака шах и игра турнири, а има само седум години. Игра против многу поголеми деца. Се разбира, доживеал порази. Се нервира, а јас му велам: “Слушај, само подај му рака на противникот, кажи му дека игра добро и дека следниот пат ќе го победиш. Тоа се правилата според кои вреди да се живее”.
Семејството Клуни многу патува во слободното време, а актерот откри колку на неговите деца им се допаѓа Њујорк.
“Тие го сакаа Њујорк! Амал студираше на NYU, така што многу добро го познава градот. Децата сè уште не отишле во NYU, тие се паметни, но не толку паметни. Невозможно е да не го сакате овој град, тука е убаво и одлично се забавуваме”, рече тој.