Од 14-те номинирани, осум се најдоа на листата за прв пат, вклучувајќи ги Шерил Кроу и Синди Лаупер, покојниот Ворен Зевон заедно со Joy Division/New Order и The White Stripes.
Покојниот пејач Џорџ Мајкл, 89-годишната икона на кантри музиката Вили Нелсон и раперката Миси Елиот се меѓу главните кандидати за индукција во Рокенрол Куќата на славните оваа година.
Од 14-те номинирани, осум се најдоа на листата за прв пат, вклучувајќи ги пејачките Шерил Кроу и Синди Лаупер, починатиот кантавтор Ворен Зевон заедно со Joy Division/New Order и The White Stripes.
Номинирани се и пејачката Кејт Буш, бендовите Iron Maiden, Rage Against the Machine и Soundgarden, R&B вокалната група The Spinners и хип хоп групата A Tribe Called Quest.
„Овие уметници создадоа сопствени звуци кои влијаеја на генерации и на безброј други кои тргнаа по нивните стапки“, рече Џон Сајкс, претседател на Фондацијата „Куќата на славните“ на рокенролот.
Гласовите на експертите, но и на публиката
За да се квалификуваат за номинација, уметниците или бендовите мора да ја имаат објавено својата прва комерцијална снимка најмалку 25 години пред годината на номинација.
Повеќе од 1.000 уметници, историчари и претставници на музичката индустрија ширум светот ќе гласаат за номинираните, како и обожавателите кои можат да гласаат онлајн или лично во музејот на Куќата на славните во Кливленд.
Минатогодишната Куќа на славните ги вклучи раперот Еминем, Дуран Дуран и Евритмикс, легендата на кантри музиката Доли Партон и Пет Бенатар, Лајонел Ричи и Карли Сајмон.