Милијардерот Џорџ Сорос (93) е фотографиран како се капе на Барбадос во друштво на четворица мажи.
Сорос е виден како се капе со голема придружба на плажата во главниот град Бриџтаун. Милионерот на фотографиите изгледа опуштено додека се релаксира на плажа. На фотографиите се гледа и дека група мажи му помогнале на бизнисменот со унгарско потекло да излезе од водата и да се врати на лежалка.
Сорос неодамна ја препушти контролата над својата империја од 25 милијарди долари на својот син Алекс (37), кој вети дека ќе ги искористи парите на семејството за да се залага за екстремно левичарски каузи.
Наследникот за Вол Стрит Журнал изјави дека ќе продолжи со целите на неговиот татко, но дека ќе се занимава и со прашања како што се гласањето, правата на абортусот, родовата еднаквост…
– Јас сум поголем политичар – рекол Алекс, споредувајќи се со својот татко.
Алекс, исто така, рече дека е загрижен за можноста републиканецот Доналд Трамп да се врати во Белата куќа – сугерирајќи дека семејството Сорос ќе им помогне на демократите на претседателските избори во 2024 година.
Непрофитната организација на Сорос, Фондацијата Отворено општество, насочува околу една и пол милијарда долари годишно на различни групи кои се борат за човековите права ширум светот.