Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, одржа заедничка прес-конференција со претседателот на Финска, Саули Ниинисто, во Хелсинки.
Џо Бајден порача дека конфликтот во Украина не би требало да трае со години, наведувајќи дека Владимир Путин веќе ја изгубил војната.
„Не постои никаква можност тој да ја добие војната во Украина. Тој веќе ја изгуби таа војна“, нагласил Џо Бајден на прес-конференцијата.
Џо Бајден додал дека не мисли дека војната ќе продолжи со години, бидејќи Русија не може да ги одржува своите ресурси толку долго, а Владимир Путин веројатно на крајот ќе одлучи дека тоа не е во интерес на Русија; економски, политички или во некоја друга смисла.
Тој исто така кажал дека нема голема веројатност Владимир Путин да употреби нуклеарно оружје за да ја подобри својата позиција на линијата на фронтот по неуспешниот бунт на групата Вагнер предводена од Евгениј Пригожин.