Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, има највисок рејтинг од јавноста, додека Џо Бајден има најнизок, според објавеното истражување на „Галуп груп“ за популарноста на поранешните американски претседатели.
Истражувањето на Галуп е спроведено една недела по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, од 21 до 27 јануари, на примерок од 1.001 испитаник, пренесува американски Politico.
Бајден најнепопуларен
Истражувањето покажа дека 59 отсто позитивно гледаат на Барак Обама, 52 отсто на Џорџ Буш и 48 отсто на Бил Клинтон, додека 57 отсто на Бајден негативно.
Мислењето за Обама остана стабилно откако тој ја напушти функцијата, популарноста на Буш опадна, што се припишува на тоа што повеќе Американци не се запознаени со неговото претседателствување и немаат мислење за него, додека целокупниот имиџ на Клинтон е подобрен бидејќи помалку луѓе имаат негативен став или немаат мислење за него, пишува Блиц, пишува во Танјуг.
И покрај тоа што рејтингот на Бајден падна под 60 отсто, неговата популарност почна да опаѓа по повлекувањето на САД од Авганистан во 2021 година и продолжи со негативниот тренд поради неговата политика кон војната меѓу Израел и Хамас, економската политика и имиграциските прашања.