Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претходниот ден прогласи состојба на природна катастрофа на Хаваите, каде што најмалку 36 лица ги загубија животите во силните пожари и уништија град на островот Мауи.
Оваа прокламација ослободува значителна федерална помош за Хаваи, која е една од државите на САД.
„Акцијата на претседателот ги прави достапни федералните средства за погодените луѓе во округот Мауи“, соопшти Белата куќа.
Помошта ќе овозможи финансирање за итна помош и реконструкција на островот каде што туристичкиот град Лахаина, поранешен главен град на Кралството Хаваи, практично беше срамнет со земја.