Џо Бајден проговори откако му беше дијагностициран рак, објавувајќи кратка порака и фотографија со сопругата

Поранешниот американски претседател Џо Бајден се огласи на социјалните мрежи откако беше потврдено дека боледува од агресивен вид на рак кој се проширил од простатата на коските.

Бајден објави фотографија на социјалната мрежа X, на која се прикажани неговата сопруга Џил и неговата мачка, и им се заблагодари на сите за нивната поддршка.

„Веста за ракот силно нè погоди сите. Како и многумина од вас, Џил и јас научивме дека сме најсилни во моментите кога сме скршени. Ви благодариме што нè кревате со вашата љубов и поддршка“, рече Бајден.

Да ве потсетиме дека веста за ракот и дијагнозата на Бајден ја објави неговиот личен кабинет.

„Минатата недела, претседателот Бајден беше на лекарски преглед поради новооткриен израсток на неговата простата, откако имаше сериозни проблеми со уринарниот систем. Во петокот му беше дијагностициран рак на простата, со Глисонов скор од 9 (Група 5), со потврдени метастази на коските“, се вели во соопштението.

Се додава дека, иако станува збор за поагресивна форма на болеста, ракот се чини дека е чувствителен на хормони, што овозможува поефикасен третман.