САД и ЕУ се „обединети“ во кризите, се вели по самитот во Вашингтон во петокот на кој доминираа дискусиите за војната меѓу Израел и Хамас и континуираната поддршка за Украина, но немаше големи откритија во решавањето спорови на трговијата меѓу САД и ЕУ.
Американскиот претседател Џо Бајден ги прими претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Белата куќа и разговараа за војната меѓу Израел и Хамас и за обезбедување континуирана поддршка за Украина во борбата против руската инвазија.
„Обединети сме повеќе од кога било“, истакнаа лидерите во заедничката изјава.
На почетокот на средбата Џо Бајден рекол дека ЕУ и САД заеднички ги поддржуваат Израел и Украина и дека ќе разговараат за начините за справување со „нефер увозот на челик и алуминиум“ и критичните минерали.
„Овие конфликти ја покажуваат потребата да се соочат заедно“, рекла Урсула фон дер Лајен, инсистирајќи дека настаните на Блискиот Исток нема да ги одвратат од непоколебливата поддршка за Украина, додека Чарлс Мишел рекол дека – „Израел има право да се брани, во во согласност со меѓународното хуманитарно право“.