Џо Бајден се среќава со премиерите на Велика Британија и Австралија, ќе разговараат за нуклеарните подморници

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден ќе се сретне со премиерот на Велика Британија Риши Сунак и неговиот австралиски колега Антони Албанес во понеделник во Сан Диего, Калифорнија, за да разговараат за безбедносната алијанса АУКУС, соопшти Белата куќа.

Алијансата, чие име доаѓа од комбинација на акронимите на трите земји – постои од 2021 година и има за цел да и овозможи на Австралија да набави подморници на нуклеарен погон за да ги зајакне безбедносните сили во Индо-Пацификот.

Според безбедносните експерти, Алијансата е насочена против потенцијалната закана од Кина.

Австралија планира нова воена база за нуклеарни подморници на нејзиниот источен брег а тие имаат веќе база на западниот брег.

САД имаат големо воено пристаниште во Сан Диего.

Франција беше разбеснета од новата Алијанса бидејќи пропадна договорот за испорака на подморници за Австралија во вредност од 56 милијарди евра поради АУКУС.

Партнерите на АУКУС минатата година најавија дека сакаат поблиска соработка и на полето на сајбер безбедноста.

АвстралијаАнтони АлбанесАУКУСВелика БританијаРиши СунакСАДЏо Бајден