Џуд Белингем продолжува со блескавите настапи во дресот на Реал Мадрид.
Англичанецот е првиот играч во историјата на „Kралскиот клуб“ кој постигнал гол на секој од првите четири натпревари во Лигата на шампионите.
Последна „жртва“ беше Наполи во 22. минута од натпреварот.
Претходно, Џуд Белингем беше стрелец во првото коло против Унион Берлин, потоа против Брага, во третото против Наполи, додека го пропушти натпреварот од четвртото коло со Брага. Повторно постигна гол во петтиот.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше пофално за Џуд Белингем.
„Тој е спектакуларен кога влегува во шеснаесетникот, влегува во него како на мотор. Малку е изненадувачки тоа што го прави бидејќи никој не можеше да замисли дека ќе се прилагоди толку брзо во Реал Мадрид, во овој клуб, дека ќе игра вака. Изненадени се сите, навивачите, соиграчите и ривалите“, вели Карло Анчелоти.
Репрезентативецот на Англија го постигна својот 15. гол во 16. настап за „Кралскиот клуб“.
Доколку продолжи со истото темпо, ќе бидат загрозени многу рекорди кои ги постави Португалецот Кристијано Роналдо, иако, се разбира, рано е да се зборува за тоа.