☔ Викендов променливо облачно, наместа нестабилно со дожд и грмежи

 Променливо облачно време ќе преовладува во деновите од викенд, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.

Како што информираат од УХМР, во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи. 

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Во Скопје е сончево и топло со мала до умерена облачност,
поголема од пладневните часови и со умерен ветер од северозападен правец.