Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи,
особено во источните делови од државава. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде од 13 до 21, а максималната од 23 до 33 степени.
УХМР најавува дека за време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник.