“Бидете лојални и доверливи. Не се спријателувајте со никој кој е понизок од вас во оваа смисла. Кога правиш грешка, не плаши се да ја поправиш.” – Конфучиј
Кој бил Конфучиј?
Кунг Фу Цу бил кинески филозоф и социјален реформатор чии учења биле и остануваат значајни низ Источна Азија. Тој бил еден од првите приватни учители во кинеската историја. Тој ги учел
луѓето за правда, чесност, правила на општествените односи…
Ова се 10 моќни животни лекции базирани на филозофијата на почитуван кинески мислител. Нивниот најголем шарм е тоа што тие можат да се применат и денес.
10 Мудрости на Конфучиј
Не е важно колку бавно одите, се додека не застанете.
Никогаш не се спријателувај со човек кој НЕ Е ПОДОБАР ОД ТЕБЕ.
Кога лутината те обзема, размислете за последиците.
Кога станува очигледно дека не можете да ги постигнете своите
цели, не ги менувајте своите цели, туку чекорите кои ги преземате.
Ако мразиш некого, тој веќе те победил.
Она што благородниот човек го бара во себе, малиот човек го бара
во другите.
Што и да правите, направете го со срцето.
Давајте инструкции само на оние кои го сфатиле своето незнаење и кои
бараат помош.
Преокупацијата со мали работи ви спречува да направите големо.
Ако озборуваат за вас зад грб, тоа значи дека сте пред нив.