10 придобивки од магнезиумот за нашето здравје: Нутриционист открива зошто овој минерал е толку моќен

Најдобро е магнезиумот да се внесува преку намирници вредни за исхрана, но можете и да го надополните, секако по консултација со вашиот лекар.

Магнезиумот има бројни здравствени придобивки и треба да биде вклучен во редовната исхрана, вели нутриционистката Јасна Вујичиќ на Инстаграм и наведува десет добри причини.

10 здравствени придобивки од магнезиумот

  • Ги намалува мускулните грчеви
  • За здрави коски
  • За добар сон
  • За здраво срце
  • Против хипертензија
  • За регулирање на шеќерот во крвта
  • Го намалува стресот и анксиозноста
  • За повеќе енергија
  • За подобро варење
  • Ги намалува воспалителните процеси

Каде има најмногу магнезиум?

Најмногу магнезиум има во јаткастите плодови, семките и лиснатиот зелен зеленчук. На пример, бадемите, семките од тиква и спанаќот се одлични извори на овој минерал . Исто така, магнезиумот може да се најде во мешунките, интегралните житарки, темното чоколадо и авокадото.

Симптоми на недостаток

Симптомите на недостаток на магнезиум може да вклучуваат грчеви во мускулите , замор, слабост, вртоглавица, неправилно чукање на срцето и пецкање или вкочанетост. Покрај тоа, може да се појави анксиозност и тешкотии со спиењето.