Британката Дејзи Тејлор е родена во 1919 година во Лејтонстон, источен Лондон и има 25 правнуци. Оваа баба признала дека не ни замислувала дека ќе доживее толку голема возраст, а ја открила и својата тајна за долговечноста.
Дејзи го напуштила училиштето на 14 години и работела на машини во фабрика за сапуни, а подоцна водела пекара и неколку кафулиња. Кога имала 19 години, го запознала својот покоен сопруг Раи на една забава. Со него изградила среќен живот и добиле три деца: Пат, Џон и Жан. Имаа многу хоби како патување, танцување и одење во театар.
„Порано сакав фокстрот и брз чекор. Отсекогаш сум имала многу активен живот“, вели Дејзи.
Забава и вежби за долговечност
Нејзиниот сопруг починал во 1981 година на 61-годишна возраст. Дејзи и сега во длабока старост редовно се движи и вежба.
Таа својата долговечност ја припишува на следново. „Забавувајте се и истегнете се“.
Во април 2022 година, Дејзи се преселила од нејзиниот дом во Стратфорд, Источен Лондон во домот за нега на Care UK Manor Lodge во Челмсфорд, каде што редовно посетува неделни часови по јога и танц и се протега секое утро.
Нејзината омилена поза во јогата е позата на полумесечина, бидејќи тоа е одличен начин за истегнување. Оваа баба верува дека јогата ѝ го подобрила умот, а се шегува дека станала „попаметна“ во староста.
Решена е да продолжи да се движи бидејќи не сака долго седење и тоа и овозможува да ужива во својот живот и „да гледа многу убави работи“.
Вежбајте секое утро
,,Мојата тајна за долговечноста е едноставна – кога ќе се разбудите наутро, секогаш трудете се да се забавувате. Сакам да разговарам со луѓе. Сакам мали нешта и среќна сум кога правам нешто. Уживам во јогата за да останам фит и вежбам .Наутро вежбам јога на под, но сега најчесто ја практикувам на стол – изјави Дејзи.
Нејзината страст да остане активна ја мотивираше да ги охрабри и членовите на нејзиното семејство да вежбаат повеќе.
,,Им велам на моите пријатели и семејството да вежбаат. За почеток, најдобро е да ги исправите и да ги движите рамената. Но, не претерувајте”, советува таа.
,,Не сакам да седам предолго. Сакам да бидам на чист воздух. Дефинитивно уживам во мојот живот и ми е убаво. Ми се допаѓаат луѓето и сакам да живеам долго, бидејќи ќе видам многу убави работи.” додаде таа.
Дејзи никогаш не помислила дека ќе наполни 105 години, иако долговечноста тече во нејзиното семејство. Нејзината сестра, која исто така живее во дом за стари лица, има 103 години, а нивните пет браќа и сестри живееле до деведесеттите, пишува Дејли мејл.