106 парфеми „Гисада“ се запленети на влезот во Македонија

Над стотина парфеми „Гисада“ вредни 240 илјади денари заплениле царинските службеници на влезот на граничниот премин „Табаноц“, откако возачот на автобусот се обидел нелегално да ги внесе во државата без да ги пријави.

„На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, возачот изјавил дека носел само лични предмети.

Потоа била извршена детална проверка при што во багажот во делот за алат биле пронајдени вкупно 106 парфеми за кои возачот требало да плати увозна такса од 49.000 денари.

Патникот е пријавен прекршок за непочитување на царинските прописи“, соопштија од Царинската управа.