12. Меѓународен фестивал на цвеќето се организира во Ирак

– Обраќајќи се на церемонијата на отворањето, градоначалникот на Багдад, Амар Муса, потсети дека градот од 2009 секоја година го организира фестивалот на цвеќето.

Меѓународниот фестивал на цвеќето е отворен во ирачката престолнина Багдад.

Отворањето на 12. издание на фестивалот се одржа во багдадскиот парк Ал-Завра (Al-Zawraa), објави вчера државната новинска агенција ИНА (INA).

Обраќајќи се на церемонијата на отворањето, градоначалникот на Багдад, Амар Муса, потсети дека градот од 2009 секоја година го организира фестивалот на цвеќето.

„Нашиот сакан главен град Багдад со години му обрнува внимание на цвеќето, на неговиот прекрасен и волшебен свет. Одржувањето на домашните и меѓународните фестивали и изложби стана императив. Исто така, заинтересирани сме и за учество на слични фестивали и манифестации на цвеќето во земјите низ светот во кои се одржуваат вакви пролетни и есенски настани“, рече Муса.

Градоначалникот на Багдад го истакна и значењето на ширењето на „културната убавина, имајќи предвид дека цвеќето претставува хуманитарна порака што ги надминува континентите“.