Дознајте кои се најинтересните руски поговорки, а некои од нив се слични со дел од нашите поговорки.
Во морето поучни и корисни поговорки за вас издвоивме некои кои и денес во современиот свет се користат, а и тоа како можат да послужат како совет или потсетник во одредени ситуации.
Во продолжение прочитајте ги 12-те руски поговорки кои ги издвоивме за вас:
Со богата капа нема да ја скриеш сиромаштијата во сопствената глава.
Поранешен пријател е полошо од непријател.
Полесно е да се избегне кавгата отколку да заврши.
Никогаш не фрлај кал во бунарот од којшто некогаш си пиел.
Оној којшто го навредува небото, нема кому да се моли.
Среќата е како грозница, кога сака тогаш ќе те „фати“.
Љубовта е стакло кое се крши доколку човек ја прими премногу несигурно или премногу цврсто.
Не можеш да ги натераш другите луѓе да им се допаѓаш.
Човековата злоба сѐ уште доаѓа од немоќ.
На гостите двапати им се радуваме: Кога доаѓаат и кога си одат.
Без овчар, овците нема да станат стадо.
Детето е како тесто, како ќе го замесиме, така ќе порасне.