Во пожар што избувна во повеќекатница во кинескиот град Нанџинг, загинаа 15 лица, а најмалку 44 лица се повредени.
Истрагата е во тек, а се претпоставува дека пожарот бил предизвикан од електрични велосипеди кои се запалиле .
Пожарот избувнал во 04:39 часот по локално време, во складиштето за електрични велосипеди сместено во приземјето на зградата.
Медиумите јавуваат дека жителите ги разбудиле звуците на експлозијата по што виделе дека пожарот се шири кон повисоките катови .
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат жителите на највисоките катови кои повикуваат на помош од прозорците.
Најмалку 44 лица се повредени, а повеќе од 500 жители на зградата се сместени во хотели .