Сопственикот на туристичката од агенција,Ниш Бојан Милосављевиќ изјави дека 15 патници од автобусот на агенцијата, кој утринава имаше несреќа на автопатот Атина-Солун, во близина на граничниот премин Евзони, се задржани на лекување во Солун, додека поголем број од патниците со полесни повреди се пренесени во болница во Кукуш.
Сопственикот на агенцијата „Ски и Сан травел“ изјави дека патниците кои имаат скршеници и оние на кои им се потребни дополнителни испитувања се задржани во болницата во Солун.
„Во Солун има 15 наши патници и водич. Тоа се луѓе кои се здобија со малку потешки повреди. Ги регистриравме, знаеме кои се. Ќе бидат задржани на испитувања, ќе треба да направат уште некои анализи”, рече Милосављевиќ.
Тоа укажува дека поголем број патници кои немаат сериозни повреди се во болницата во Кукуш.
„Пред болницата во Кукуш има најголем број патници и немаат сериозни повреди, освен една госпоѓа која има повреда на грбот и ќе биде задржана во Кукуш или префрлена во Солун“, вели Милосављевиќ.
Според него, тој очекува во текот на денот да има информации дали и колку патници ќе бидат отпуштени од болницата во Кукуш.
,,Мислам дека е најдобро во овој момент да ги групираме сите некаде, да обезбедиме храна и пијалок“, вели сопственикот на туристичката агенција од Ниш.
Тој додаде дека утринава е испратен двокатен автобус за Грција, за да им биде достапен на патниците, а бил ангажиран грчки автобус за понатамошна нега и трансфер.
Сообраќајната несреќа се случила утрово по пет часот на главниот пат меѓу Евзони и Солун кај Поликастро.
Двокатен автобус на туристичката агенција „Ski & Sun travel“ од Ниш со 78 патници се судрил со автомобил во кој се превезувале четири лица.
Четири лица загинаа, а најмалку 53 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Атина-Солун, во која учествуваа туристички автобус со српски регистарски таблички, кој се преврте и два автомобили.
Тројца сопатници од автомобилот загинале на местото на несреќата, а четвртиот, кој бил тешко повреден, им подлегнал на повредите.