Голем скандал на Харвард, претседателката на универзитетот поднесе оставка.
Универзитетот Харвард го тресат скандали, а претседателката Клодин Геј поднесе оставка во вторникот. Таа беше на оваа позиција само шест месеци и беше втората жена и првата личност со афро-американско потекло на чело на универзитетот во 400-годишната историја на Харвард.
„Со тешко срце ви пишувам дека поднесувам оставка од функцијата Претседателка на Харвард . По консултациите со членовите на одборот, стана јасно дека во најдобар интерес на Харвард е да се повлечам, така што нашата заедница може полесно да се движи низ моменти на извонредни предизвици со фокус на институцијата, а не на поединецот. Одлуката беше толку тешка што зборовите не можат да ја опишат“, напиша Геј во отвореното писмо.
Оставката на Претседателката на Харвард доаѓа во време кога еден од најпрестижните универзитети во Америка е во центарот на два скандали.
По нападот на Хамас врз Израел на почетокот на октомври, учениците од еврејско потекло беа изложени на навреди и закани, а на сослушувањето во Конгресот, Геј беше еден од водачите на образовните институции која експлицитно не ги нарече повиците за геноцид врз Евреите вознемирување.
Геј беше критикувана и откако на нејзина сметка се појавија неколку обвинувања за плагијат. Неколку стручни написи кои таа ги напишала од 2000 година морале да се коригираат бидејќи не наведува извори на информации. Цели реченици, како и заклучокот, се преземени од книгата на академик Дејвид Т. Канон, која не била цитирана во изворите.
Потоа следеа обвинувања за плагијат во однос на нејзината докторска теза од 1997 година. Харвард неодамна објави дека актуелната Претседателка ќе поднесе корекција на нејзината докторска дисертација, со цел да се „поправат грешките при наведување извори“.
Тогаш беше објавено дека се работи за „несреќен инцидент“, но дека не го надминал прагот на академски прекршок кој би бил казнив.
Инаку Харвард е еден од симболите на САД. Доволно е само да се погледа списокот на имиња кои дел од своето образование ( во некаква форма ) го имале на овој Универзитет: Џон Кенеди, Барак Обама, неговата сопруга Мишел Обама, Френклин Рузвелт, Џорџ Буш помладиот, Теодор Рузвелт, потоа Марк Цукерберг кој го формираше Фејсбук, Бил Гејтс, со еден збор институција која беше столбот на американската доминација во светот во годините што изминаа. Оттаму, скандалот со Харбард беше многу сериозно анализиран и прифатен од американската јавност која е многу чуствителна на вакви случувања.